Женската ракометна репрезентација на Македонија по долги години повторно се враќа на највисоко ниво на меѓународна сцена. Од 4. до 20. сме домаќини на Европското првенство заедно Словенија и Црна Гора. Се наоѓаме во исклучително тешка група каде што се уште и репрезентациите на Франција, Холандија и Романија. Секако, за нас секој позитивен резултат во оваа конкуренција ќе биде ТОП достигнување, а во тоа се согласува и селекторот Савевски.
„Овој состав на Франција е најдобриот што настапил досега. Микс од младост и искуство, нешто што ретко и тешко се постигнува. Се надевам дека како што игравме со Норвешка ќе успеме да одиграме и со Франција да издржиме што подолго. Сите ракометарки што ќе бидат во тимот се класа. Нашата цел во овој момент е да покажеме дека оваа генерација коај ја создаваме оди во правилен правец. Таа е спој на кадети/јуниори кои претежно играат надвор. Се надевам дека ќе направиме чекор напред, во пресрет квалификациите за Светско првенство и ќе имаме поволен ждреб. Ако бевте присутни на кадетското првенство немаше голем интерес. Нашиот народ е научен да има тим кој се бори за шампионска титула. Можеби овој период од десет години го направи женската репрезентација која беше во зимски сон и веројатно затоа е тоа така. Богатството на оваа репрезентација е младоста. Ако успееме да направиме спој на младост и искуство и да го подигнеме квалитетот на игра на младите ракометарки ќе биде голем плус за Македонија. Чест е Македонија што ќе го види светскиот крем на едно место. Имавме мали проблеми со повреди на Маџовска и Арсениевска. Сепак, тие вчера тренираа и се надевам дека сите ќе бидат подготвени. Сето ова е малку збунувачки за моите ракометарки бидејќи е нешто ново. Нервозни сме како се приближува шампионатот, но за мене е важно да покажат карактер и добра игра, бидејќи Франција е репрезентација која може да победи секого колку разлика сака, нешто слично ќе биде и со Холандија. Имаме многу тешка група и се надевам дека ќе ја надминеме нервозата и девојките ќе покажат и повеќе од тоа што го знаат во моментов“, изјави Савевски.