Уште еден ден останува до стартот на Европското првенство во Скопје. Денеска се прават последни подготовки, овој настан дефинитивно ќе биде од голема корист за Македонија, за женскиот ракомет, за сите.
„Во последните 15 години често бевме дел од големите натпреварувања, но секогаш бевме како навивачи или членови на нашата делегација. Сега конечно имаме можност да донесеме едно Европско Првенство овде, во нашиот главен град, во оваа прекрасна сала. Тоа е голема чест и голема одговорност. Претставници на претставниците на медиумите и на целата јавност, на АМС и на ракометните работници, што заедно одработуваме нешто што ќе остане запаметено. Би сакал посебно да се заблагодарам на тимот од РФМ за ова европско првенство да го претставиме на едно највисоко ниво. Сега треба да го потврдиме сето она што го градевме сето ова време, очекувам сплотеност и заеднишство, македонската јавносст да покаже колку го сака спортот и ракометот, да покажеме дека можеме да се носиме на сите полиња, како организациски така и спортски“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Потоа, на прес-конференцијата Живко Мукаетов преку видео-врска им се обрати на ракометарките кои го следеа настанот во својот хотел. „Како што се договоривме, веруваме прво во себе, во тимот, во Македонија“, порача Мукаетов.
Гордана Нацева, амбасадорот од Македонија за ЕП, добро знае што значи да се биде дел од вакво големо натпреварување, знае како се чувствуваат сите девојки, но верува дека со поддршка од трибините ќе се прикажат во најдобро свето.