Новинарот на ESPN, Ник Фридел, тврди дека кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, ќе го напушти тимот по антисемитски скандал.
„Мислам дека тоа најверојатно ќе се случи. Многу вработени во клубот се уморни од сите овие негови скандали “, рече Фридел.
Вчера Нетс објавија соопштение во кое се вели дека Ирвинг е суспендиран на најмалку 5 натпревари поради промовирање на антисемитски филм и неизвинување. Некои извори тврдат дека сопственикот на франшизата изјавил дека веќе не сака ни да го сретне Ирвинг на улица.