Трпчевски со повреда, Стојчевски како замена

583

Делегираниот главен судија за мечот од следното ПМФЛ коло Стојан Трпчевски нема да биде во можност да го суди овој дуел. Спортмедиа дознава дека Трпчевски има повреда и дека нема да може да одговори на обврските па е делегирана замена.

Игор Стојчевски ќе влета на негово место и ќе ја дели правдата на овој исклучително важен меч. Важен за тимот на Струга Трим Лум кој по серијата одлични резултати сезонава, на неколку меча киксираше. Од друга страна пак Работнички мака мачи да влезе во позитивна серија и да излезе од опасната зона на табелата.

 

ПретходноСавевски: Наше е да изненадиме некој фаворит, а од оваа Франција подобра немало
СледноАрда ќе игра за Албанија, Мојсо „ФАЛА“ ти за се што (не)направи за Македонија