По неколку месечна пауза, утре фудбалерите на Гостивар за првпат ќе играат на својот терен, на својот стадион, на Градскиот стадион во Гостивар. И тоа радост на нивните фанови кои од своите миленици очекуваат оваа сезона да бидат меѓу првите две екипи на табелата во ВМФЛ и со тоа следната сезона гостиварци да играат во елитната лига во Македонија.
Денеска наголемо се работеше, се правеа последните подготовки за утре на стадионот кој е реновиран. Јасно е дека има уште многу работа на него, но сега најважно е тимот да игра дома.