За 13 години чиста заработка од 180 милиони евра, и тоа за периодот од 2009 година па наваму од своите настапи на УЕФА натпреварите, поточно од настапите во квалификациите во ЛШ и настапите во групната фаза во ЛШ и ЛЕ.
Навистина импресивно, фантастично за клубот кој е вистински гигант за сите останати на овие простори.
Се разбира дека станува збор за Динамо Загреб.
Тоа во просек му доаѓа по 13,5 милиони секоја година, сума која за сите останати клубови од овие простори, а посебно за нашите, е научна фантастика.
За жал досега не успеавме да пронајдеме податок колку тоа нашите клубови вкупно заработиле од УЕФА настапите во овој период, ама хрватските вкупно заработиле околу 220 милиони, додека српските околу 150 милиони што значи дека Динамо заработил повеќе отколку сите српски клубови заедно.
Инаку неофицијално буџетот на Динамо Загреб е нешто повеќе од 50 милиони евра, што за овие простори е импресивно.
Кога сме кај заработката на нашите клубови да кажеме дека најголема сума во една сезона од УЕФА настапите има заработено Вардар, и тоа во 2017 година кога играше во групната фаза во ЛЕ и та сума е 4,5 милиони евра.
Инаку за периодот од 2009 па наваму, се разбира дека Работнички, Шкендија и Вардар важат како клубови, од нашите, кои имаат заработено најмногу од своите настапи во УЕФА.