Без нејзе во репрезентацијата на Црна Гора веќе никогаш нема да биде исто. Имено Јованка Радичевиќ, некогашната ракометарка на ЖРК Вардар од најславните денови на овој клуб, после ЕП најави дека ќе се повлече од репрезентацијата на својата земја.
“Оваа одлука не ја донесов преку ноќ. Јас сум таква која го слуша своето срце за сите одлуки кои ги носи. Сакам да кажам дека сега е моментот“ изјави за медиумите во Црна Гора едно од најдобрите десни крила во историјата на женскиот ракомет.
Ракометарка која со својата селекција освои злато на ЕП и има Олимписко сребро, и двете во 2012 година, а со Вардар играше во финалиња во ЛШ.