Никола Јокиќ го престигна Вилт Чембрлен и првиот центар со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА-лига. Во победата против Оклахома (122:110) го забележа својот 79. трипл-дабл во кариерата и уште еднаш на сите им покажа зошто е двократен МВП.
Сето ова успеа да го направи иако одигра еден од најлошите мечеви досега и забележа квадрипл-дабл од 15 поени, 14 асистенции и 13 скока, но и 10 загубени топки. Пред него сега е Лебон Џејмс со 105 натпревари со двоцифрен учинок во три категории.
• 15 sayı
• 13 ribaund
• 14 asistThe Joker. #Jokic pic.twitter.com/vbmP0DDx7X
— Do Deka (@dodekabasket) November 4, 2022
Кога е во прашање листата на стрелци за победниците, најдобри беа Гордон со 27 поени и Мареј со 24 поени. На другата страна Шај Александар имаше 37 поени.
На втората средба Орландо му нанесе нов пораз на актуелниот првак, Голден Стејт го совлада со 130-129. Стеф Кари постигна 39 поени и 9 асистенции, кои не се покажаа како доволни за победа. Голден стејт во девет меча има три победи и шест порази.