Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз совладувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети со резултат 2:0 (6:0, 6:3).
Ова беше најдобриот меч на Ноле на турнирот во париската сала „Берси“, во кој не му даде ниту една шанса на младиот италијански тенисер да се надева на изненадување.
Ѓоковиќ во борбата за финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Стефанос Циципас од Грција и Американецот Томи Пол.
Претходнопласман во второто полуфинале обезбедија Данецот Руне кој го доби дуелот со Шпанецот Алкараз кој мораше да го предаде дуелот во вториот сет, како и Ожер-Алиасим од Канада, кој славеше над Тиафо од САД.