Во недела под Шара, на Градскиот стадион во Тетово, во меч од 14.коло во ПМФЛ, екипата на Шкендија ја дочекува А. Пандев. Есктремно важен меч и за двете екипи. За тетовци во битката за врвот на табелата, досека за струмичани да почнат да бегаат од дното на прволигашката табела.
Во пресрет на овој меч, а во врска со играчкиот кадар на својот, свој коментар има Ќатип Османи, стратегот на Шкендија:
„За жал на овој меч нема да можеме да сметаме на двајца клучни играчи, Егзпн Бејтулаи и Бруно Дита. Првиот се жали на повреда, но како што се очекува следната недела ќе почне со тренинзи, додека вториот е под суспензија од картони. Сите останати ќе бидат во комбинација“ истакна Османи.
Кога сме кај другите, да кажеме дека во минатите десетина дена, Шкендија им ги раскина договорите на Вондра и Вагнер, па така до крајот на оваа полусезона ќе мора и без нив.