Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Куманово, на домашен терен го совлада со убедливи 47-16 во рамките на деветото коло во Супер-лигата. За избраниците на Кирил Лазаров ова беше осма победа во дебитанската сезона, додека на другата страна гостите го запишаа осмиот пораз, имаат само една победа.
Кофиловски со 11 гола беше прв стрелец, зад него беа Стојков и Серафимов со по пет погодоци. На другата страна Мрвовиќ имаеше пет гола.
Овој дуел беше решен последно едно полувреме, кое домашниот состав го доби со 20-8. Ракометарите на Алкалоид отворија со 5-2, дојдоа на плус шест 11-5, а за кратко време поведоа со двоцифрени 16-6. Веќе беше јасно дека овој меч ќе одиме во еден правец.
Второто полувреме беше само рутинска задача, Гостите се мачеа, реализацијата беше слаба, за 18 минути постигнаа само три гола, (36-11). На другата страна ракометарите на Алкалоид не се штедеа, ја полнеа мрежата на противникот.