ВМФЛ: Вардар се прошета низ Виница, Гостивар убедлив, Караорман го победи Пелистер

2240

Вардар не запира. Во меч од 11.коло во ВМФЛ, денеска во Виницам лидерот со 0:3 успеа да го победи домашниот состав на Слога. Стрелци на головите беа Јаневски, Мицевски и Христов.

Караорман со гол во 95.минута го “расплака“ Пелистер. Добар натпревар во кој домашните одиграа навистина квалитетно и го победија големиот фаворит.

Со двата гола на Каланоски, Гостивар го победи Арсими и ја оправда улогата на голем фаворит на овој меч кој се играше по подолго време на стадионот во Гостивар.

Детонит со гол во последните секунди од мечот стигна до бод во Македонска Каменица играјќи 1:1 кај Саса.

Голем кикс на Воска Спорт, која дома против Кожуф одигра само 2:2. Овој резултат и тоа како им во прилог на Вардар и Гостивар.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

КАРАОРМАН – ПЕЛИСТЕР 2:1

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – БОРЕЦ 3:2

САСА – ДЕТОНИТ 1:1

БЕСА – ОХРИД 1:3

ГОСТИВАР – АРСИМИ 2:0

ВОСКА СПОРТ – КОЖУФ 2:2

СЛОГА (В) – ВАРДАР 0:3

БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС 4:0

ПретходноПМФЛ: Скопје и Силекс си поделија по бод! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЕ. Пелистер лесно до нови бодови против Голден Арт!