Дерозан броеше до 46 поени, Дончиќ осми меч по ред постигнува 30+ поени

194

Џејсон Татум и Демар Дерозан имаа жесток меѓусебен дуел во пресметката меѓу Бостон и Чикаго во НБА лигата. Бостон триумфираше со 123:119, а Џејсон Татум постигна 36 поени и имаше 12 блокади. На спротивнат стран Демар Дерозан постигна дури 46 поени меѓутоа не успеаја да стигнат до триумф. Тој е првиот кошаркар на Чикаго кој постигнал 4+ поени по Мајкл Џордан во ноември 1991 година кога на меч постигна 41 поен.
А Лука Дончиќ повторно најдобар во редовите на Далас во триумфот над Торонто со 111:110. Словенечкиот кошаркар осми меч по ред постигнува 30+ поени, а овој натпревар го заврши со 35 поени.

РЕЗУЛТАТИ
ДЕТРОИД – КЛИВЛЕНД 88:112
ИНДИЈАНА – МАЈАМИ 101:99
ФИЛАДЕЛФИЈА – ЊУЈОРК 104:106
ВАШИНГТОН – БРУКЛИН 86:128
БОСТОН – ЧИКАГО 123:119
МЕМФИС – ШАРЛОТ 130:99
САН АНТОНИО – Л.А. КЛИПЕРС 106:113
ДАЛАС – ТОРОНТО 111:110
ЊУ ОРЛЕАНС – ГОЛДЕН СТЕЈТ 114:105
МИНЕСОТА – МИЛВОКИ 102:115
ФЕНИКС – ПОРТЛАНД 106:108
Л.А.ЛЕЈКЕРС – ЈУТА 116:130

ПретходноМукаетов: Ракометарките вредат повеќе од турбофолк ѕвездите за кои дел од јавноста дава по 1.200 денари!
СледноПМФЛ: “Пиратите“ во (не)возможна мисија против Силекс!