Елиф „стрела“, Наполи победува (ВИДЕО)

316

Тимот на Наполи на чело со нашиот Елиф Елмас како стрелец успеа вечерва да обезбеди екстремно важен триумф на гостувањето кај Аталанта од конечни 1:2.

И покрај тоа што домаќинот стартуваше со водство од 1:0 преку Лукман во 19. минута, сепак, најпрво Осимен, а потоа и Елиф Елмас го свртеа резултатот и му донесоа многу важна победа на Наполи.

Со овој триумф Наполи ја зголеми предноста на врвот на табелата токму пред Аталанта. Лидерот има 35 бода сега, додека пак тимот од Бергамно 27.

ПретходноЕуро Никел лесно до победа над Кожув
СледноСавевски: Не сум разочаран од девојките!