Македонија поразена на стартот на ЕП од актуелниот олимписки првак (ФОТО)

331

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски беа совладани од актуелниот олимписки првак Франција со 24-14 во првиот меч во групата Ц.

„Црвено-жолтите“ посакаа и добија поддршка од трибините, македонската публика дојде да им посака среќа на ова контиентинентално натпреварување, а без разлика на случувањата на теренот ги бодреше постојано.

Јанеска со пет гола од осум обиди беше прв стрелец, Ристовска и Саздовска имаа по три гола.

Нашите девојки беа во грч, одбраната добро функционираше, но фалеше реализација, првиот гол го постигна Кирпијановска во 16 минута за 5-1. Вториот погодок го постигна Маџовска во 20 минута за 6-2. Нашата одбрана беше цврста, не им дававме на олимписки прваци да се разиграа премногу, Јанеска намали на 6-3.

Пропуштивме шанси за гол повеќе, па Франција зголеми на 11-3 во 27 минута. Ристовска од седум метри намали на 11-4. На одморот резултатот е 12-5.

Второто полувреме беше само рутинска задача за актуелниот олимписки првак, но добра шанса за да нашите девојки се опуштат и веќе на следниот меч да покажат уште подобра игра. Франција во 42. минута поведе со 18-8, па со 21-10. На крајот негативата остана двоцифрена.

Следен противник е Холандија мечот се игра на 7. номеври.

ПретходноЕмоции: Вака се пее македонската химна! (ВИДЕО)
СледноВардар го мина и Бутел, Охрид за гол подобар од Прилеп