ПМФЛ: “Пиратите“ во (не)возможна мисија против Силекс!

185

Денеска од 13 часот со мечот на Автокоманда во Скопје меѓу истоимениот тим и Силекс се отвора 14.коло од тековната сезона во ПМФЛ. Меч кој е екстра значаен и за двете екипи. За Скопје да се дојде до втората победа и колку толку да се фати приклучок со оние екипи кои се пред “фенерџијата“ од Автокоманда, а за кратовци со победа да се задржи ритамот на успеси кој досега го држи тимот на Горазд Михаилов при врвот на табелата.

Реално, и по играчките квалитети, и по моменталната форма некој ќе рече дека составот на Славчо Георгиевски – Тупан едноставно има невозможна мисија, но сепак Автокоманда е нешто посебно, а Скопје кога игра дома никој не може со сигурност да смета на бодовите. Секогаш е тешко да се игра против “пиратите“ на нивни терен, а посебно кога се во ситуација каква што се сега.

Јасно е дека Скопје ќе даде се себе, па и повеќе од максимумот да да се дојде до трите бода. Тоа ќе биде тврд натпревар со многу борба и желба, меч кој вреди да се проследи.

Како што рековме, мечот започнува во 13 часот а главен судија е Александар Грујоски од Кичево.

Сите останати натпревари од 14.коло се играат утре од 13 часот.

ПретходноДерозан броеше до 46 поени, Дончиќ осми меч по ред постигнува 30+ поени
СледноЧетвртолигаш стигна до финале на Купот, а ако го освои не смее да игра во Европа