Завршија првите 45.минути од првиот меч од 14.коло во ПМФЛ, меѓу Скопје и Силекс, а резултатот е 0:0. Мечот се игра на Автокоманда и имаше и тоа како што да се види. Отворена игра од двете страни, со по неколку шанси за гол на двете страни, но мрежите мируваа.
Најубавата шанса ја имаа домаќините преку младиот и талентиран напаѓач Азер Омерагиќ во 26.минута кога излезе сам пред Божиновски, но голманот на кратовци со чудесна реакција го одбрани својот гол.
Скопје се закани и преку Игњатов претходно, а Силекс преку Ристовским Алиу и Ричков можеше да поведе.
Сепак на пауза се замина со оние почетни 0:0.