Алкалоид и Куманово во „рана“ пресметка, Вардар 1961 по продолжување на доминацијата!

98

Денеска продолжува деветото коло во Супер-лигата, Вардар 1961 и натаму е единствениот тим со максимален скор на победи, додека во групата Б, Е.Пелистер има седум победи и едно реми, за издвојување е дебитантот Алкалоид, кој сезонава влезе со седум победи и само еден пораз.

Токму Алкалоид го отвара деветото коло, на домашен терен го пречекува Куманово, дуелот е закажан со почеток во 13 часот. Избраниците на Кирил Лазаров се големи фаворити на оваа средба, со новите бодови ќе се зацврстат на второто место и сигурно ќе чекорат кон плеј-офот.

Лидерот во групата А, Вардар ќе игра против Бутел Скопје на гости. Во истиот термин од 18 часот, Прилеп го пречекува Охрид, додека половина час подоцна, Вардар Неготино првата победа ќе ја бара против Струга.

Во групата Б, Е.Пелистер е гостин на Голден Арт, меч кој е закажан во 16 часот. Тиквеш по триумфот во дербито против вториот битолски тим ќе бара нови бодови кај Радовиш, додека пак Јуниор К.В и Скопје 2020 ќе ја затворат денешната програма.

Последниот меч од деветото коло се игра утре, Е.Пелистер 2 е домаќин на Пролет.

ПретходноПеп саркастично: Му реков на Халанд да запре со головите затоа што станувам љубоморен
СледноМакедонија само еднаш ја има победено Франција и тоа во Скопје!