Немаше поголеми резултатски изненадувања во тукушто завршеното не целосно коло во Бундес лигата. Доста постигнати голови и дури четири победи на гостинските екипи.
Во прв ред, тимот на Баерн успеа да слави на гостувањето во Берлин кај Херта со конечни 2:3. Баварците по само 38. минути имаа 0:3 со головите на Мусиала и Чупо Мотинг. Херта уште пред полувреме дојде до 2:3 преку Лукебакио и Селке, но тоа беше се што се однесува до погодоците на овој дуел.
Борусија Дортмунд пак сигурно и суверено на домашен терен подобра од Бохум со 3:0. Два гола на Моукоко, односно еден на Реина.
Со двата гола на Нкуку, односно едниот на Дани Олмо тимот на Ред Бул Лајциг стигна до победа на гостувањето кај Хофенхајм од 1:3.
Резултати:
Херта – Баерн 2:3
Хофенхајм – Ред Бул Лајпциг 1:3
Аугзбург – Ајнтрахт 1:2
Борусија Д. – Бохум 3:0
Маинц – Волфсбург 0:3