ВМФЛ: Вардар по бодови во Виница, Гостивар дома со Арсими, Пелистер на гости во Струга…

285

 

За денеска од 13 часот се закажани сите натпревари од 11.коло во единствената ВМФЛ. Иако нема класично дерби сепак има неколку мечеви кои го предизвикуваат вниманието.

Лидерот Вардар и гостува на Слога Виница, се знае кој е фаворит и вардарци ако одиграат како што треба би требало да ги освојат трите бода. Гостивар, кој во пресрет на ова коло има само бод помалку од лидерот, дома, во Гостивар на својот стадион го дочекува составот на Арсими.

Интересно ќе биде во Струга каде Караорман посакува во најмала рака да остане непоразен против Пелистер на кого пак му се неопходни бодовите за продолжување на битката за врвот на табелата.

Воска Спорт е голем фаворит против Кожуф, додека Пехчево Скопје не би требало да има никакви проблеми против очајниот Борец кој досега не успеа да освои нитуеден бод.

Детонит Плачковица има тешко гостување во Македонска Каменица, а дуелот меѓу Беса и Охрид се очекува да биде крајно неизвесен. И во Струмица домашната Беласица го дочекува Тетекс.

 

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

КАРАОРМАН – ПЕЛИСТЕР

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – БОРЕЦ

САСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

БЕСА – ОХРИД

ГОСТИВАР – АРСИМИ

ВОСКА СПОРТ – КОЖУФ

СЛОГА (В) – ВАРДАР

БЕЛАСИЦА – ТЕТЕКС

ТАБЕЛА

Вардар 25, Гостивар 24, Воска Спорт 23, Пелистер 20, Детонит 20, Охрид 19, Беса 14, Караорман 14, Арсими 13, Беласица 12, Кожуф 10, Слога (В) 9, Саса 8, Пехчево Скопје 7, Тетекс 7, Борец 0 бодови

ПретходноЧетвртолигаш стигна до финале на Купот, а ако го освои не смее да игра во Европа
СледноПочнува вистинското за нашите ракометарки: Ќе го оставиме срцето на терен, не влегуваме со бело знаме!