Гичевска оптимист: Да ја искористиме оваа шанса и да се пласираме во главната фаза!

129

Македонската женска ракометна репрезентација веќе во часови брои до првиот дуел на Европското првенство, кое се одржува во три земји, една од нив е Македонија. По долго време, поточно последе десет години нашиот национален тим се враќа на европската карта.

Составот е подмладен, се гради генерација за подолги стази. Возбудата, очекувано е голема, никој нема искуство на вакво големо натпреварување, што пак созадава и дополнителна нервоза, секако позитивна. Сите едвај чекаат да излезат на терен и да го остават срцето на терен.

Прв противник во групната фаза е Франција, дуелот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, билети за оваа средба се уште има, истите можат да се набават пред официјалните продажни места.

„Како што се приближува мечот расте возбудата кај нас и мала доза на нервоза. Сепак, кога ќе почнат тие натпревари се ќе излезе од нас. Мислам дека сме подготвени и тактички и физички. Ние што играме во странство сметам дека сме физички подготвени, но и девојките кои се во нашиот шампионат многу работеа и затоа мислам дека подготвени го пречекуваме шампионатот. Сега мислам дека имаме поголем фонд на играчи бидејќи тоа е многу важно во еден ваков турнирски систем. Мислам дека можеме да ја искористиме оваа шанса и да поминеме во главната фаза

Противниците ги анализиравме со видео анализа и добри сме на тактички план. До пред две сезони играв во Франција и за мене тоа е најсилната лига во светот, таму забележав голем напредок за тие две сезони. Сакам да испратам порака до фановите: Дојдете и бодрете не во што поголем бро, се надеваме дека заедно ќе ја израдуваме Македонија“, изјави Леонида Гичевска. 

ПретходноМакедонската фаланга ќе биде „шлагот“ на „Борис Трајковски“ (ФОТО)
СледноСити се засили со талент на Евертон