Гостивар не знае за доста: Пет од пет на стартот на сезоната

162

Кошаркарите на Гостивар ја продолжија фантастичната серија победи од почетокот на сезона. И во петтиот настап сезонава, денеска на гостински терен против екипата на Навико Академија ФМП, гостиварчани обезбедија убедлива победа од 93:82.

Првата четвртина им припадна на домашните кои ја добија со 21:18. Гостивар се врати како препороден во вториот период. Гостиварчани се вратија со блескава вигра и успеаја да направат плус 20, за на полувреме да заминат со убедлива предност од 49:32.

Домашните повторно тргнаа добро на стартот на вториот дел и успеаја да стопат добар дел од разликата, но во последниот период кога веројатно и требаше да додадат „гас“, Гостивар го направи одлучувачкиот чекор и дојде до победа.

Грузиецот Корсантија беше практично непогрешлив кај Гостивар денеска и со 28 поени го предводеше тимот до победа. Тој промаши само еднаш за два поени од дури 14 обиди. Ефремовски беше втор стрелец кај гостите со 23 поени.

ПретходноАндонова постигна два гола за нова победа на Леванте (ВИДЕО)
СледноРФМ: Огромна благодарност до најдобрата публика во светот!