Лестер ја оствари третата победа во пoследните 4 премиерлигашки дуели и полека се одвојува од дното на табелата во англиската елита. Вечерва на гостувањето кај Евертон, момците на Брендан Роџерс славеа со 2:0 во меч во кој еден прекрасен гол постигна Јури Тилеманс во финишот на првото полувреме со кој гостите долго време беа во минимално водство.
Конечниот печат на победата гос тави Барнс со погодокот во 86. минута. За екипата на Евертон ова беше шестиот пораз сезонава со кој остануваат израмнети со по 14 бода со Лестер на делба од 13. до 15. место.
Standings provided by Sofascore