Елмас по голот за победа: Бев малку под стрес, но секогаш сум подготвен да дадам се од себе

376

Во својот трет меч како стартер за Наполи сезонава, Елиф Елмас денеска го постигна вториот гол. Голот е дотолку поважен што практично беше решавачкиз а големата победа на Наполи на гостувањето кај Аталанта од 2:1 во дербито на врвот на табелата.

По средбата, во изјава за италијанската тв-станица ДАЗН, нашиот репрезентативец вели дека е пресреќен што доби шанса да заигра во првиот тим.

„На два часа пред натпреварот дознав дека ќе бидам во првиот тим. Бев малку под стрес бидејќи немав играно долго време, но секогаш сум подготвен и секогаш ќе давам се од себе за Наполи. Во тежок момент, среќен сум што тренерот ми даде доверба и што ги успеавме да ги донесеме трите бода дома. Се надевам дека ќе останеме на врвот до крајот“, вели Елмас.

ПретходноРФМ: Огромна благодарност до најдобрата публика во светот!
СледноХоландија за гол подобра од Романија, прва радост и за Германија