Не чекаше многу откако доби отказ од Севилја. Имено Хулен Лопетеги, екс стратегот и на Порто и Реал Мадрид, но и на селекцијата на Шпанија, од денеска и официјално е нов шеф на струката на Вулверхемптон. Имаше најави за вакво нешто веќе неколку денови, па и недели, но ете, денеска конечно Вулфси го официјализираа својот нов стратег.
Нема да му е лесно на Шпанецот, тој има за задача да го спаси тимот од испаѓање во Премиерлигата.
A new chapter.
— Wolves (@Wolves) November 5, 2022