ПОЛУВРЕМЕ: Македонија има негатива од седум

90

Македонската женска ракометна репрезентација по првото полувреме против Франција на стартот на Европското првенство има негатива од седум гола 12-5.

Нашите девојки очекувано во грч го почнаа мечот, на голема среќа, ниту пак Франција не запна како што умее.

Во 15 минути постигна само пет гола, одбраната беше на ниво. Кирпијановска во 16 минута го скрши ледот за 5-1, додека вториот погодок беше дело на Маџовска во 20 минута за 6-2. Нашата одбрана беше цврста, не им дававме на олимписки прваци да се разиграа премногу, Јанеска намали на 6-3.

Пропуштивме шанси за гол повеќе, па Франција зголеми на 11-3 во 27 минута. Ристовска од седум метри намали на 11-4.

На одморот резултатот е 12-5, нашите девојки ќе имаат време да се сосеземат и да одиграат подобро во второто полувреме.

Стрелци на головите за нашата репрезентација беа Ристовска, Јанеска, Кипријановска Маџовска и Саздовска кои постигмнаа по еден гол.

Додека кај Франција Дарло запиша девет одбрани, а Ласурс даде три гола.

ПретходноВаљадолид подобар од Елче
СледноЕлиф погоди за Наполи и му донесе водство против Аталанта (ВИДЕО)