Денеска во Скопје и официјално стартува Европското првенство. Македонската ракометна женска репрезентација во првото коло ќе ги одмери силите со актуелниот олимписки првак, Франција, дуелот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Нашите девојки ќе аутсајдер против Франција, но тоа пак нема да ги спречи да одиграат максимално мотивирано и да го остават срцето на терен. Шансата за триумф ја гледаат против Романија, но за тоа ќе мислат подоцна, сега мора да одат чекор по чекор.
„Знаеме со кого се соочуваме и кои ни се противници. Три репрезентации кои се во кремот на Европа. Имаме навистина тешка, но ние не влегуваме со бело знаме. Веруваме дека можеме да добиеме некој натпревар. Одиме на победа, а најголема можност веројатно ни е Романија. Почнуваме со Франција натпревар кој ќе биде многу тежок, но мислам дека со срце на терен ќе можеме да се надигруваме со секого. Очекувам полна сала и поддршка од македонската публика“, изјави Јована Саздовска.
Од мечот меѓу Македонија и Франција ќе има директен пренос на МТВ.