Резил, ужас и КЛОЦА: Мрме, имај повеќе среќа во Фенербахче или Хајдук!

11260

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Што ти е бре КАРМА. Невидена работа. Што ти е бре СРЕЌА. Но, таа среќа треба да ја заслужиш, некогаш и тоа како да ја заслужиш со својот интегритет и карактер.

Она што беше за очекување уште синоќа, дојде утринава, како вест од Хрватска, поточно од ХНК Горица. Имено на раководните луѓе на Горица конечно им текна, конечно се свестија да го преземат чекорот што требаше одамна да го преземат.
А тоа е да му врачат „ШУТ- КАРТА“ на Игор Ангеловски. Отказ или КЛОЦА, по сите оние резили и ужаси што под негово водство тимот им го приреди на своите фанови.

Десет мечеви во ХНЛ и ниту една победа, само две ремија и осум порази и се разбира дебакл.

А пред два месеци дојде во еден стабилен клуб, да не кажеме „златен клуб“ кој до пред извесно време беше хит. Но кога од можни 30 бодови освоиш само два, и само два, и повторно, САМО ДВА БОДА, е тогаш…тоа е повеќе од катастрофа.

Најавуван беше како тренер кој Горица ќе ја издигне на повисоко ниво, дека како, демек, најуспешен селектор на Македонија, си ја знае работата.

А, тој, е тој уште во првиот клуб по селекторувањето си се изрезили за сите пари.

За сите.

Година дена чекаше адекватен клуб за себе. Од Турција, замислете од Турција, доаѓаа вести или поточно шпекулации дека тој е кандидат за тренер на Хајдук, Фенербахче, Динамо Загреб, Џенова, а од Македонија доаѓаа вести дека Шкендија го чека со раширени раце.

А тој си замина во Горица.

Видете, факт е дека дел од тие порази Мрме ги забележа во судиското продолжение, јасно е дека немаше среќа, но рековме дека таа среќа треба да се заслужи. А, тој…дали ја заслужи?

Е, па Мрме, имај повеќе среќа во Хајдук или Фенер, или можеби Динамо. Којзнае, таков е животот, се се врти. Може и него некогаш да му се врати таа среќа, која ја имаше во изобилство кога беше селектор, и да почне да победува со Хајдук или Фенер, ако некогаш биде тренер таму или во некои слични клубови.

И, да, да не заборавиме. Можеби му била мала платата во Горица, па немал доволно мотиви да го искаже сето свое знаење, не знаеме. Ниту пак не интересира.

И, да, да не заборавиме. Нека си ја гледа својата работа како тренер, и нека не се меша каде што не треба, а посебно не кога изјавува во “своите омилени“ медиуми, дека порталите или дел од нив не можеле да поделат плата па затоа така работеле како што работеле.

Провидно…

Уште еднаш.

Мрме, имај повеќе среќа во Хајдук или Фенербахче!!!

ПретходноЛегендарниот голман си призна: Да, вистина е дека го “наместивме“ мечот со Хајдук!
СледноНапаѓачот е во супер форма: Етеми со нов гол за Истанбулспор!(ВИДЕО)