Не е старт од соништата, но притисокот си го стори своето. А тоа најмногу се почувствува во првите 16 минути, толку време им беше потребно македонските ракометарки за да го постигнат првиот гол против актуелниот олимписки првак. Франција славеше со убедливи 24-14 во првиот меч од групата Ц која се игра во Скопје.
Не е сеедно за нашите девојки, но самите се свесни дека тешко може да се приреди сензација против една репрезентација како што е Франција.
„Честитки за противникот за заслужената победа. Лошо започнавме, со многу технички грешки и промашени напади. Кога ги постигнавме првиот гол дојде едно олеснување. За мене е позитивно што се боревме до самиот крај. Ќе продолжиме по планот кој си го поставивме, веќе во понеделник верувам дела ќе бидеме подобри“, рече Сара Ристовска.
Македонија во понеделник го игра вториот меч на ЕП против Холандија.