Македонската женска ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, кое се одржува во Македонија. На првата средба, избраничките на Љубомир Савевски беа поразени од Франција со 24-14.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим не е разочаран од девојките.
„Тежок меч за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде 27 пати промашивме и имавме над десет грешки. Сепак, не сум разочаран бидејќи еден дел од мечот го одигравме во егал со Франција. Сакам да и честитам на Франција за одличната одбрана. Ќе повторам како и пред мечот мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски.
Македонија во второто коло ќе игра против Холандија, мечот е закажан за седми ноември.