Раководството на хрватскиот прволигаш Горица го разреши Игор Ангеловски од тренерската функција и од позицијата спортски директор во клубот. Одлуката за прекин на соработката е донесена по поразот во 16. коло од Првата ХНЛ од Истра.
„Ја прекинуваме соработката со тренерот неполни три месеци на клупата на Горица“, соопшти претседателот Ненад Чрнко.
Ангеловски поднесе оставка уште пред неколку денови, но првиот човек не му ја прифати за сега, конечно, да разбере дека вака веќе не може и одлучи да го отпушти македонскиот стратег. Горица под водство на Ангеловски освои два бода на десетте натпревари и е последна на табелата.
За новиот стратег Горица одлучи да разговара во понеделник.