„Тите им рекол на репрезентативците да лажираат повреди во клубовите“

963

Откако испливаа имињата на фудбалерите кои се сигурни во репрезентацијата на Бразил за СП 2022 во Катар, а меѓу нив не беше Габриел Барбоса – Габигол, па фудбалерот на Фламенго одлучи во јавност да открие некои валкани работи што се случуваат во националниот тим. Според него, селекторот Тите им наредил на играчите на кои смета за Мундијалот да лажираат повреди во своите клубови за да ги пропуштат преостанатите натпревари и за да бидат здрави за Светското првенство кое почнува на 20 ноември.
Тите побара од играчите да глумат повреди и да избегнат настапи до почетокот на СП. Габигол го прашал како може да одглуми такво нешто, а селекторот му одговорил на вулгарен начин дека штом прашува тогаш нема да биде на списокот на репрезентативци“, пишува бразилски „Глобо“.
Ришарлисон и Лукас Пакета пред извесен период се жалеа на повреди и не играа за Тотенхем односно Милан, но ќе се вратат за СП 2022.

Претходно„Ова е најубавиот гол од слободен удар што го имам видено…“
СледноСудија, ништо не му направив, сам падна (видео)