Во драматична завршница во СЦ „Борис Трајковски“, репрезентацијата на Холандија оставри прва победа во групата „Ц“ на ЕП во Скопје совладувајќи ја селекцијата на Романија со 29:28. Реално гледано, Холандија за нијанса беше подобар тим од Романија, а токму таа разлика и го одлучи победникот на мечот.
„Лалињата“ на полувреме водеа со 14:12, а во финишот на мечот исто така успеаја да дојдат до два гола предност, која Романките никако не успеваа да ја стигнат. Откако Малестајн со гол од пенал ја донесе Холандија до 29:27 во последната минута од мечот, веќе беше јасно дека бодовите одат кај „лалињата“. Романија само успеа да го ублажи поразот со голот на Букеши.
Одличен меч кај победничките одигра Ван дер Хајден со 7 гола, додека во романската селекција Пинтеа и Букеши постигнаа по 5 гола.
Германките тргнаа со победа во групата „Д“ во Подгорица. Вечерва на првиот меч со Полска, Германија славеше со 25:23, откако видовме голема драма до последниот свиреж на сирената на семафорот. Во последните две минути мечот беше во егал 23:23, по штос ледуваа головите на Белк и Штокшладер со кои Германија успеа да ја запише стартната победа. Претходно во Подгорица, Црна Гора дојде до победа над Шпанија со 30:23 и најави дека е прв кандидат за пласман во следната фаза.