Можно ли е чудо: Македонија како домаќин го имала најдобриот резултат!

495

Македонската женска репрезентација после десет години се враќа на европска сцена. РФМ одлучи да го прифати предизвикот и да донесе квалитетен ракомет во Македонија, поточно во нашиот главен град и секако да го исполни сонот на ракометарките.

Љубителите на овој спорт ќе имаат што да видат, во групната фаза покрај „црвено-жолтите“ ќе бидат селекциите на Франција, Холандија и Романија.

Кога сме кај Македонија, ова ќе биде шестти настап на Европските првенства, последен пат нашите ракометарки учествуваа во 2012 година во Србија, го освои 16 место.

Најдобриопт резултат Македонија го оствари во 2008 година, заврши на седмата позиција, овој шампионат се одржуваше токму во нашата земја. Нашата репрезентација оствари три победи и три порази. Ги совладавме Хрватска и Србија во групната фаза, бевме поразени од Германија. Со една победа над Белорусија во главната рунда го освоивме седмото место.

Првото учество на ЕП, Македонија го имаше во далечната 1998 година, го освои осмото место, две години подоцна нашата репрезентација одново беше на континенталното натпреварување кога го повтори истиот успех.

2006 година исто е влезена во историјата на женскиот репрезентативен ракомет, а крајниот исход е 12 место.

Вкупниот биланс на сите Европски првенства е седум победи, три ремија и 17 порази.

ПретходноПолувреме: Омерагиќ можеше да ги израдува “пиратите“, отворена игра, но нема голови на дуелот Скопје – Силекс
СледноРаботнички го договори Малешевиќ!