Еуро Никел лесно до победа над Кожув

105

Кошаркарите на Еуро Никел ја остварија третата победа сезонава и се искачија, барем привремено, на врвот на табелата во домашното кошаркарско првенство. Вечерва во Кавадарци, Кожув немаше шанси за успех против разиграниот домашен тим кој во текот на целиот меч ја имаше контролата на играта и резултатот.

Кавадарчани на полувреме имаа плус 18 и тоа беше доволен показател каква ќе биде и завршницата на мечот. Одлична партија кај Еуро Никел имаше Босанецот Планиниќ кој заврши со 21 поен и 8 реализирани скока, додека Соколов постигна 17. Кај екипата на Кожув најдобар стрелец беше Гордон со 15 поени.

ПретходноНовак си закажа финале во Париз!
СледноЕлиф „стрела“, Наполи победува (ВИДЕО)