Мукаетов: Ракометарките вредат повеќе од турбофолк ѕвездите за кои дел од јавноста дава по 1.200 денари!

1875

Македонија ќе гледа врвен европски ракомет. Престедателот на РФМ, Живко Мукаетов без двоумење пред многу години одлучи да поднесе кандидатура за организација на ЕП 2022 година.

Сега ова големо натпреварување и официјално во Скопје стартува денеска. Како и секогаш така и овој пат, ракометарките имаат голема поддршка од првиот човек на „куќата на ракометот“, кој посакува на трибините да има голем број на навивачи, сите заедно да уживаат во мечевите кои ретко може да ги гледаме од лице место.

Во јавноста имаше бројни полемики за цената на билетите. Мукаетов во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ во Телма телевизија, објасни дека првичната цена на најефтиниот билет била 35 евра. Оваа цена не ја одредува РФМ, туку ЕХФ. Нашето раководство се изборило таа да биде намалена на 15 евра.

„Знаевме дека ќе доведе до огромни предизвици за салите да бидат полни. Со спонзорите во федерацијата дојдовме до идеја за дополнителен попуст од 40 отсто за да дојдеме до колку толку пристојна цена. Свесни сме дека тоа е скапо, бидејќи кога машката репрезентација ги игра клучните мечеви, цените на билетите се 50 или 100 денари или 100 и 200 денари. Не сме поборници за скапи карти, туку ова беше нешто што го наметна ЕХФ.

Апелирам ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на девојчињата, сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме. Од друга страна д друга страна исто треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари. Сепак мислам дека девојчињата кои играат за македонската ракометна репрезентација вредат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди и заслужуваат да бидат пропратени со публика која ќе им даде максимална поддршка“, изјави Мукатетов.

Македонија денеска (18 часот) го игра првиот меч на ЕП, за противник ја има селекцијата на Франција.

ПретходноБарселона го имала лекот за Фенербахче
СледноДерозан броеше до 46 поени, Дончиќ осми меч по ред постигнува 30+ поени