Пеп саркастично: Му реков на Халанд да запре со головите затоа што станувам љубоморен

438

Интересна изјава даде Пеп Гвардиола пред мечот со Фулам во Премиер лигата. Златан Ибрахимовиќ изјави дека големото его на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола ќе го запре развојот на Ерлинг Халанд. Таквата изјава не му се допадна на каталонскиот тренер кој на пресот пред мечот со Фулам даде саркастична изјава упатувајќи ја на адреса на Ибрахимовиќ.
Златан е во право. Играчите на Сити не можат да напредуваат во кариерите поради моето преголемо его. Затоа му реков на Халанд да запре со головите, да не постигнува по три на меч затоа што тоа ме прави љубоморен. „Халанд, дај не давај толку голови…“ новинарите нон-стоп ќе пишуваат за тебе, а мене нема ни да ме спомнат.
Ова не е сарказам. Ова е вистина. Моето его е огромно. Затоа Златан е во право. Тој најдобро ме знае, па ете му материјал за неговата следна книга“, изјави Пеп.
Ибрахимовиќ и Гвардиола не се во добри односи уште од времето кога двајцата работеа во Барселона. Често пати двајцата си упатуваат „отровни“ стрелички еден кон друг.

ПретходноСе прели чашата – Горица го разреши Ангеловски од тренерската функција
СледноАлкалоид и Куманово во „рана“ пресметка, Вардар 1961 по продолжување на доминацијата!