Никола Малешевиќ, интернационалецот од Србија е новото име во таборот на Работнички. Со доаѓањето на повеќе моќни спонзори, нашиот најтрофеен кошаркарски клуб полна со ангажман на квалитетни кошаркари па така и Малешевиќ кој секако дека ќе биде големо, големо засилување за клубот до Градски Парк кој сака да се врати таму каде што и припаѓа.
Инаку Малешевиќ порано има играно за Пелистер, потоа се пресели во Хрватска, во Цибона, но сега доаѓа во Скопје, во Работнички.