ПМФЛ: Ќе “ВРИЕ“ во Штип, Ќато против Васоски, Работнички го “мерка“ лидерот

768

За денеска од 13 часот се закажани четири средби од 14.коло во ПМФЛ. Очекуваме најинтересно, “најжешко“ да биде во Штип, каде се игра дербито на Истокот. Брегалница го дочекува Тиквеш, тоа е меч на два лути ривали посебно во последните неколку години. Така беше и кога беа второлигаши, така е и сега.

Ќе “врие“ во Штип. Брегалница – Тиквеш е меч за фудбалски гурмани.

По Шара гостува А.Пандев, тим кој повеќе од два месеци нема победа. Ќатип Османи со својата Шкендија сака да ја продолжи мизеријата на тимот на Александар Васоски. Сепак време е “пандевци“ конечно да се искажат во вистинско светло.

Работнички на ФФМ се среќава со лидерот, со тимот на Струга ТЛ. Ова е меч во кој и двете екипи влегуваат со големи мотиви. Работнички со три бода да се приклучи кон повисоките места на табелата, а Струга ТЛ конечно да се врати на победничките патеки. Имено стружани веќе четири кола не знаат за победа

И во Прилеп, домашната Победа се надева на уште една сензација, овојпат против Македонија ЃП.

Вчера на отворањето на 14.коло Скопје и Силекс одиграа 0:0.

 

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА:

СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0:0

ШКУПИ (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 26, Шкендија 23, Силекс 23, Шкупи 22, Тиквеш 19, Брегалница 16, Работнички 14, Македонија ЃП 13, Победа 11, А.Пандев 8, Скопје 6 бодови…

Претходно90.000 луѓе го скандираа името на Пике, тој во солзи одржа говор за паметење: Тука ќе умрам (ВИДЕО)
СледноМицевска: Срцето ми се наполни кога ги видов трибините!