Фудбалер од англиската Премиер лига морал да оди на операција откако заработил сериозна повреда на препоните за време на „жежок“ секс со својата партнерка, тврди истакнат хирург.
Професорот Али Шин вели дека неименуван играч дошол кај него бидејќи не сакал да му ја каже вистината на својот менаџер за неговата повреда. Тој успешно ја извршил операцијата и играчот се вратил на терените за еден месец.
„Повредите на препоните доаѓаат од извртување и вртење, но тоа понекогаш може да се случи во невообичаени околности“, вели Шин.
„Еден премиерлигашки играч ми беше испратен од неговиот клупски лекар. Имаше сериозни болки во препоните и ми кажа дека имал жежок секс со својата партнерка. Беше сликовит за тоа што се случило, па дури и ми ја покажа позицијата во која претрпел повреда. Го оперирав и за четири недели повторно беше целосно фит“.