Доријан Бабунски денеска постигна гол и беше дел од триумфот на неговиот тим Дебрецен на гостувањето кај Вашаш со 0:3.
Македонскиот интернационалец погоди во фуриозното прво полувреме на неговиот тим во кое беа постигнати трите гола, а Доријан „стрелаше“ во 38.минута за 0:3.
Со ова, тимот на Дебрецен го освои 17. бод сезонава, и е пласиран на шестото место на табелата. Бабунски пак го постигна својот четврти гол.