Голчиште на Герет Бејл во 128. минута за титула на својот нов тим (ВИДЕО)

2247

Герет Бејл беше стрелец на клучниот гол во продолженијата од финалето на плеј-офот за титулата во американската МЛС. Неговиот Лос Анџелес за првпат стана шампион на Американската лига, победувајќи во финалето против Филаделфија Унион на пенали.

По 90 минути мечот заврши со резултат 2:2, но во 116. минута Лос Анџелес остана со играч помалку и прими гол. Но потоа во 128. минута се појави Герет Бејл. Некогаш најскапиот фудбалер на светот постигна гол со глава за 3:3 и огромно славје за својот тим. По тој гол, фудбалерите на Филаделфија беа во шок, толку што никој од нив не реализираше пенал.

Герет Бејл минатото лето пристигна во Лос Анџелес од Реал Мадрид. Оваа сезона постигна четири гола. Бејл, исто така, го предводеше Велс до место на нивниот прв настап на Светското првенство од 1958 година.

ПретходноМицевска: Срцето ми се наполни кога ги видов трибините!
СледноПере: Струга ТЛ посакува триумф над Работнички!