Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо на свој терен го совладаа Сан Антонио Спарс со резултат 126:101, а еден од најдобрите поединци беше српскиот центар Никола Јокиќ кој забележа нов дабл-дабл.
Јокиќ го заврши мечот со 21 поен, шест скока и десет асистенции и беше втор стрелец на Нагетс, зад Бонс Хајланд, кој имаше 24 поени.
Српскиот центар повторно го разигруваше и го одведе Денвер до победа која не беше доведена во прашање во текот на целиот натпревар, а имаше и неколку чудесни додавања.
Онаа што се издвојува на средината на третата четвртина, кога од првиот потег направи неочекувано додавање до соиграчот под кошот, кој потоа ја имаше полесната задача, само да реализира.
Резултати: Шарлот – Бруклин 94-98, Атланта – Њу Орлеанс 124-121 (прод.), Њујокр – Бостон 118-133, Милвоки – Оклахома 108-94, Минесота – Хјустон 129-117, Денвер – Сан Антонио 126-101, Феникс – Портланд 102-82.