Никако не му оди на тимот на Атлетико Мадрид во последно време. Попладнево во меч од 13.коло во Ла Лига, на “Ванда Метрополитано“ четата на Чоло Симеоне успеа да дојде само до 1:1 протув аутсајдерот Еспањол. Интересно е тоа што гостте од 28 минута играа со играч помалку, откако Кабрера доби директен црвен. Но и тоа не беше доволно “јорганџиите“ да победат, поточно тие се спасуваа и од пораз.
Гостите од Барселона поведоа со голот на Дардер во 62.минута, за Жоао Феликс во 78.минута го спаси својот тим од пораз.