ПСЖ во дербито на колото во Лига 1 успеа да слави на гости кај Лориен со 1:2. Иако “светците“ настапија без Лео Меси, и иако се „испотија“, сепак на крајот освоија три бода.
Нејмар уште во 9.минута погоди за 0:1, но Мофи на почетокот од вториот дел израмни на 1:1.
Нејмар во 82.минута му асистираше на Данило Переира за гол и за победа на ПСЖ.
Сега “светците“ имаат по 14.коло 38 бодови, четири повеќе од Ленс.