Убав натпревар за гледање денеска на ФФМ меѓу Работнички и Струга ТЛ. Со по неколку шанси, два гола и големи, невидено промашување на Буњамин Шабани при резултат 0:0 за Работнички. Тој од идеална ситуација ја погоди само стативата а имаше празен гол пред себе. Сепак се поправи и во 72.минута успеа да израмни на 1:1.
Струга ТЛ пак не победи, но и натаму е лидер на табелата со три бода предност пред Шкендија, четири пред Силекс и пет пред Шкупи.
А Работнички кој иако одигра добро, имаше и водство со голот на Шаркоски сепак ја продолжи непријатната традиција кога станува збор за неговите мечеви со стружани.