Бранителот на титулата на Европското првенство, репрезентацијата на Норвешка е втората репрезентација која само по второто коло веќе обезбеди место во главната рунда. Исто како на стартот, така и сега, норвешките ракометарки запишаа убедлива победа, овој пат против Швајцарија од 21-38.
Ова беше втор меч од групата А, во која токму актуелниот европски прва е лидер со две победи, второто место го делат Унгарија и Хрватска, додека дното е резервирано за Швајцарија.
Својата задача, Норвежанките ја завршија во првото полувреме, го добија со 19-9, до крајот остана само рутинската задача.
По шокантниот пораз на стартот на ЕП, Данска веднаш се врати на победничките патеки, ја совлада Србија со убедливи 21-34 и може да се надева на пласман во следната рунда, бидејќи токму ракометарките на нашиот северен сосед имаат два порази.
Хајндал, Транборг и Јенсен имаа по 4 голови кај Данска, додека кај Србија Стоиљковиќ постигна 6 голови.