Струга Трим Лум до 8.коло сезонава беше совршена. Потоа почна да “поткашлува“, а потоа дојдоа и два порази. Тимот на Срѓан Захариевски веќе четири кола не знае за победа, а денеска му гостува на Работнички кој полека, но сигурно почна да се буди.
Незгодно гостување за стружани, но тие по традицијата играат добро имаат добри резултати кога играат против Работнички.
Миклован Пере, дефанзивецот на Струга ТЛ за денешниот дуел со Работнички вели дека неговиот тим посакува триумф:
“Против Работнички денеска одиме на три бода. Струга Трим Лум има тим кој поседува огромен квалитет, па така секој играч кој ќе настапи на денешниот меч ќе го даде најдоброто од себе и ќе се бори за боите на клубот“ истакна Пере.