Пиоли: Жиру како Тоти, а чувствував дека Малдини ќе ни даде гол

227

Милан ја совлада Специја со 2:1 и то благодарение на атрактивниот гол на Оливие Жиру во финишот на мечот. Според Пиоли, потегот на Жиру го потсетило на легендарниот фудбалер на Рома Франческо Тоти.

Фантастично додавање на Тонали и уште пофантастичен гол на Оли. Веднаш се сетив на начинот на кој Франческо Тоти постигна гол на едно од дербијата меѓу Рома и Лацио. Тогаш водевме со 2:0, а мечот заврши нерешено“, изјави Пиоли.

Даниел Малдини го постигна единствениот гол за Специја. Тој е дете на Милан, а во Специја игра како позајмен.

Знаев дека Даниел Малдини ќе игра и некако чувствував дека ќе ни даде гол. Такви работи се чувствуваат. Мислам дека тоа беше совршена вечер за Паоло Малдини бидејќи неговиот син постигна гол, а Милан победи. Можевме да одлучиме се пред паузата. Секогаш е можно да се прими гол, но не смеете да престанете да играте и да бидете фокусирани. На крајот победивме и тоа е најважно“, додаде стратегот на Милан.

ПретходноМицевска во ТОП-5 одбрани на ЕП! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Струга ТЛ пак не победи, но пак е лидер, срамен потег на Билали под Шара, “лавовите“ убедливи, триумф на “сините“… (видео)