ПМФЛ: Струга ТЛ пак не победи, но пак е лидер, срамен потег на Билали под Шара, “лавовите“ убедливи, триумф на “сините“… (видео)

930

Попладнево се одиграа четирите меча од 14.коло во ПМФЛ. Водечката Струга ТЛ губеше од Работнички на ФФМ, но Шабани стрелаше за 1:1. Голот за домашните беше дело на Шаркоски. Ова е петти меч во серија на кој лидерот не победува, но и натаму ја имаа предност пред Шкендија од три бода. И петти меч како домаќин за Работнички кој не може да ја победи Струга ТЛ во ПМФЛ.

И тоа благодарение на фактот дека под Шара, Шкендија одигра само 1:1 против А. Пандев. Дориев рано донесе водство за тетовци, но Ѓорѓиевски во 70.минута го совлада Захов за бод. Голем бод за “пандевци“.

Во самиот финиш Билали со срамен потег. Шутираше со клоци еден гостински играч и затоа доби црвен.

Во битката за Истокот во Штип домашната Брегалница со 2:1 го победи Тиквеш. Ѓокиќ и Кудев стрелаа за 2:0, но следувше голот на Мишов го ублаќија поразот.

Во Прилеп гостите од Ѓорче победија со 1:3. Абази, Скендери и Алексовски за Македонија ЃП беа стрелци, додека Ѓуркови стрелаше за Победа.

Вчера Скопје и Силекс одиграа 0:0, а Шкупи беше слободен.

РЕЗУЛТАТИ – 14.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2:1

(Ѓокиќ 4., Кудев 53./Мишов 64.)

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3

(Ѓурковиќ 32./Абази 28., Скендери 60., Алексовски 82.)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1:1

(Шаркоски 68., Шабани 72.)

ШКЕНДИЈА – А. ПАНДЕВ 1:1

(Дориев 9./Ѓорѓиовски 70.)

ВЧЕРА:

СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0:0

ШКУПИ (СЛОБОДЕН)

 

ПретходноПиоли: Жиру како Тоти, а чувствував дека Малдини ќе ни даде гол
Следно“Битката за Лондон“ ја доби Арсенал…нема шега со “топчиите“! (ВИДЕО)